Министерката за култура ја напушти салата за време на филмот посветен на Рацин

„Црвениот Поет“ е мини-серија во македонска продукција за револуционерот, истакнат комунист и поет, Коста Солев Рацин. Серијата заврши со снимање во 2016 година, но, иако таа го помина и процесот на пост-продукција и истата е подготвена за емитување, веќе неколку години по реде практично е забранета за емитување во јавноста.

Општина Велес ги откупи авторските права за ТВ-серијата „Црвениот поет“, посветена на Кочо Рацин, а првата проекција беше одржана вчера во рамките на 60-тите Рацинови средби. На проекцијата на овој филм вчера присуствуваше и Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, која после првиот дел од филмот „Црвениот поет” ја напушти салата на велешкиот театар! За ова соопшти Советникот од Левица – Димитар Абрашев.

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска после првиот дел од филмот посветен на големиот Рацин – “Црвениот поет” стана и ја НАПУШТИ салата на велешкиот театар! За денес беше предвидено да се емитуваат 3 од вкупно 10 епизоди од филмот кој 7 години имаше забрана за емитување, а таа после првата си замина! Болно е да се гледа вистината Министерке! Како што Рацин рекол “ЌЕ ПОБЕДИМЕ”! – Напиша Абрашев на својот фејсбук профил.

Во серијата Кочо Рацин не е претставен само како заљубен поет, туку, се обрнува големо внимание на неговите револуционерни идеи и активности во тогашното комунистичко движење, што веројатно е главната причина поради која „Црвениот поет“ ја чека својата промоција уште од 2016 година.