Левица: Борбата против рудниците на смртта станува се помасовна

„Борбата против рудниците на смртта станува се помасовна и поорганизирана. На вчерашниот протест кој беше организиран од младите луѓе од Босилево, жителите од овој крај уште еднаш јасно им порачаа на парламентарните политички партии: Струмичката котлина нема да се претвори во пустелија заради криминалните договори на власта и профитот на Еуромакс!

И покрај силните притисоци, манипулации и закани кои доаѓаат од скапо платената машинерија на Еуромакс, и покрај неисполнетото ветување на премиерот Заев дека рудници нема да има, храбриот и чесен народ од овој регион не се откажува од борбата да го спаси својот роден крај и иднината на своите деца.

Се додека моќта на одлучување е во рацете на бизнис – ориентирани партии и претставници на капиталот, интересите на обичниот народ ќе бидат маргинализирани во име на профитот. Се додека приватната сопственост е врвна вредност преку која поединци ќе извлекуваат профити, опасноста од хуманитарни и еколошки катастрофи ќе демне на секој чекор. Поради тоа, се поизвесна е потребата за промена на капиталистичкиот систем во систем каде највисока вредност ќе биде човекот (наместо профитот) и каде моќта за одлучување ќе биде во рацете на обичниот народ.“ – стои на објавата на Левица