Најавен протест против во Лисиче: Стоп за бетонизација на населбата

Жителите на скопската населба Лисиче во среда во 17:30 часот излегуваат на протест. Со протестот, кој ќе се одржи кај Крстот на самиот влез во Лисиче, жителите од оваа населба порачуваат до локалните власти дека треба да престане бетонизацијата, која е најавена со новиот ДУП на Тимчо Муцунски. Протестот ќе биде во среда од 17:30 часот.

Ние жителите на Населба Лисиче ве повикуваме на протестна блокада на булевар Србија на 14.06.2023 Среда со почеток во 17:30 часот. Заедно да кажеме стоп на урбаната мафија и насилната БЕТОНИЗАЦИЈА која ни следува!!! Ги повикуваме сите граѓани кои се гневни на градежниот геноцид кои му случува на Скопје, да дојдат и заедно да спречиме населба Лисиче да стане дел од таа приказна!!!“, пишува во најавата на настанот.

Потсетуваме, девет згради се предвидува да се градат во населбата Лисиче со новиот Детален урбанистички план ЈИ09 блок 09.01. Жителите на населбата се против планот и бараат Општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски да го повлечат.