Од „Излези за Македонија“ до „Излези за бугаризација на Македонија“
Реакциите на граѓаните на социјалните мрежи не стивнуваат по т.н. лидерска средба на Мицкоски и Ковачевски, за која како што многумина напишаа „ВМРО-ДПМНЕ го продаде кучата“ ги споделуваат изјавите на лидерот на оваа партија и неговите “цврсти ставови” дека партијата нема да поддржи промена на Уставот на Република Македонија, кои денес очигледно се сменија.
„Пред точно две години Мицкоски повикуваше да се излезе за Македонија. Денес, овој самопрогласен лидер излезе за распарчување и бугаризација на Македонија.“
Од ,,нема да дозволиме уставни промени” преку протести и нотарски изјави па се до ,,Ќе поддржиме уставни измени со одложено дејство” – рецептот е едноставен: киднапирана партија, политичар без образ и неколку заушки на Кале – напиша Мартин Димоски на својот фејсбук профил.