АктуелноЛокално

Левица: Лицата со попреченост повторно најавуваат протест пред Влада

  • Реакција на Левица – Социјален сектор

Лицата со посебни потреби иритирани од незаинтересираноста на Владата за нивните проблеми, повторно излегуваат на протест,кој е најавен за 07 Јуни.
Овие лица, иако имаат со закон утврдени права , сепак во реалноста се далеку од достоинствен живот како што заслужуваат.

Игнорирањето на потребите и барањата на овие лица е полошо дури и од дискриминација со која се соочуваат во секојдневните активности на отежнатиот живот со бројни општествено институционални бариери .

Зголемениот додаток од 14,9% ни оддалеку не ги покрива основните егзистенцијални потреби кои во придружба на одредени функционални нарушувања значително се зголемени и за повеќето недостижни и служи само како популистички метод на владата да прикаже лажна грижа за оваа категорија на граѓани,несвесни за предизвиците со кои се соочуваат од комфорот на своите фотелји.

Левица како единствен претставник на интересите на обесправените граѓани во република Македонија, дава целосна безусловна и вистинска поддршка на протестот на лицата со посебни потреби во остварување на нивните барања кон централната власт, институциите на сите нивоа како и локалните самоуправи со што ќе им се овозможи достојно и задоволувачко покачување на додатокот како и зголемување на институционалната поддршка во обезбедување на основни услови за нормално функционирање и нивно активно вклучување во сите сфери на општествениот живот.