Мемет не може да биде погребан без ДНК анализа, надлежните молчат

Мемет почина, а неговата судбина дека не можеше да добие лична карта и здравствена книшка за да се лекува, потикна само мали зраци на одговорност на надлежните инститиции. Мајка му го напуштила, живеел во семејството на вујкото, а не му давале лична карта затоа што немал имотен лист за куќата во која живеел а била дивоградба. И така почина како жртва на бирократско убиство. Од МВР се правдаат дека работат за да го променат законот.

За тажната судбина на Мемет, одговорните избегнаа да дадат одговори на настаните каде ги видовме министерката за труд и министерот за здравство.

Македонското здружение на млади правници со години се занимава со ова проблематика како ранливите да добијат документи за да може да ги остварат своите права. На смртта на Мемет Камбер гледаат како на општествен неуспех, кој почнал на шалтер на МВР каде не му дале лична карта поради бирократските пречки.

Но бирократијата тука не застана. Телото на 19-годишниот Мемет се уште е во капелата во Бутел. Не може да биде предадено бидејќи Мемет немал ниту еден документ за идентификација. За да биде предадено телото на младата жртва, најблиски роднини со кои живеел мора да дадат примерок за ДНК анализа за да се докажат роднинските врски.

Преземено од Телма – Симона Петровска