100.000 Рајхсмарки за Тито – Мртов или Жив: Италјански постер од Втората светска војна.

  • Објава на Л.И. – Рацин

Италјанските фашистички власти, преку постер, на кој е направена груба скица на Јосип Броз Тито, врховениот командант на Ослободителната војска на Југославијa, нудат награда од 100.000 златни марки на оној кој ќе го ликвидира или предаде Тито.

Овој конкретен постер во 1943 та година бил испратен до баталјон на карабињерите стациониран во Словенија, заедно со белешка: „Ве информирам дека германските власти поставија плакат за награда од 100.000 златни марки на секој што ќе го предаде водачот на партизаните „ТИТО“ мртов или жив или ќе сподели информации кои најверојатно ќе доведат до негово апсење.“

Потрагата по Тито траела од летото 1941 година, кога Германците првпат дознаваат за тогашниот водач на партизаните. Откако добиле фотографија на која наводно се гледа Тито, Германците испечатиле илјадници барани плакати на кои се нуди награда од 100.000 рајхсмарки за неговото заробување или ликвидирање.

Денеска, на роденденот на лидерот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, врховниот командат Тито, се присетуваме на неуспехот на империјалистичките сили – германските нацисти, италјанските и бугарските фашисти како и домашните, внатрешни предавници, односно се потсетуваме на борбата на Југословенската народно ослободителна армија, предводена токму од Маршалот Тито, кон победата над окупаторот.

Овој ден, 25-ти Мај, воедно, како еден од највеселите и наголемите празници во СФРЈ, официјално се славел и како Ден на младоста!