АктуелноЛокално

Левица застана против поскапувањето на детските градинки во Општина Карпош

  • Фејсбук статус на Ивана Стоименовска – Советник од Левица во Општина Карпош

На 28 мата седница на Општина Карпош на дневен ред беше предлог одлука за покачување на цените на градинките во општината.

“Оправдувањето” беше дека се зголемиле цените на сите продукти па последователно треба да се зголемат и цените за градинките што ги плаќаат родителите.

Левица во својата програмска заложба има за цел образованието почнувајки од градинка па се до високо образование да го направи бесплатно.

Не се криви граѓаните за поскапувањето на цените и исто така не се криви за катастрофалното владеење на СДС под заложништво на ДУИ.

Затоа Левица гласаше против оваа предлог одлука и повторно застанува на страната на граѓаните.

Предлог одлуката за зголемување на цените на градинките не е усвоена!