Израелските окупациски сили убија 13 цивили во Газа – Санкции нема

Израел уби најмалку 13 Палестинци во своите најнови воздушни напади врз опколениот Појас Газа, вклучувајќи цивили, четири жени и четири деца, потврдија локални медицински извори. Воздушните напади беа извршени истовремено во градот Рафах во јужниот дел на Газа и центарот на градот Газат.

Според палестинското Министерство за здравство, во воздушните напади се ранети 20 лица, меѓу кои три деца и седум жени. Некои од ранетите се во тешка состојба.

Локалните извори истакнаа дека цел на воздушниот напад во градот Газа била станбена зграда, при што загинале стоматологот Џамал Касван, директорот на болницата Ал-Вафа и неговото семејство, како и Тарек Иззидин, претставник на Исламскиот џихад и неговото семејство. Друг напад во градот беше насочен кон куќата на Халил Ал-Бахтини, оперативец на Исламскиот џихад, при што тој беше убиен заедно со двајца членови на семејството.

Цел на нападот во Рафа беше куќата на Џихад Ганам, исто така функционер на Исламскиот џихад, и еден член од неговото семејство. Нема информации за жртви по неколку други бомбашки напади во Кан Јунис.

Израелските окупациски сили соопштија дека во операцијата со кодно име „Стрела и штит“ учествувале 40 авиони. Операцијата очигледно беше планирана минатиот вторник, а нејзиното време и цели беа потврдени во петокот.

Палестинските фракции ветија „жесток“ одговор. Израел рече дека секој ракетен истрел од Газа ќе доведе до операција од широк размер, која може да трае со денови.

Училиштата во населбите во близина на Газа се затворени, а побарамо е од доселениците да се евакуираат,да ги затвори премините кон Појасот Газа и побара од болниците да ги преместат виталните услуги во утврдените простории.

За разлика од конфликтот во Украина, САД, ЕУ и колективниот Запад не споменуваат воведување на никакви санкции за убиствата на цивили од Израелска страна.