Претседателот на германската централна банка предупредува на рецесија!

Шефот на Бундес-банката, Јоаким Нагел, ја предупреди германската јавност дека каматните стапки треба да продолжат да растат и покрај претстојната рецесија, бидејќи инфлацијата најверојатно ќе достигне 10%, што ќе значи раст од двоцифрена вредност за прв пат после 1951 година.

„Прашањето за инфлацијата нема да исчезне во 2023 година“, рече Нагел. Во меѓувреме, Русија драстично ги намали испораките на гас, а цените на природниот гас и електричната енергија пораснаа повеќе од очекуваното.

„Ако се додадат дополнителните проблеми со испораката, на пример, актуелната состојба со сушата и се пониското ниво на водите, економските изгледи за втората половина од годината дополнително ќе се влошат“, додаде Нагел. Како што енергетската криза се продлабочува, рецесијата се чини веројатна веќе за следната зима.

Минатиот месец, германската инфлација се искачи на речиси 40-годишниот максимум од 8,5%. Цените на електричната енергија во Германските достигнаа нов рекорд, тие се сега седум пати повисоки од пред една година, поради наглото зголемување на цените на бензинот, кои исто така пораснаа за 10 пати во текот на минатата година.