АктуелноЛокално

Левица: Земјоделките ќе добијат платено породилно отсуство

  • Соопштение на АЖФ – Левица

На денешната собраниска седница, помина потребата за носење на законот по скратена постапка (прва фаза) за платено породилно отсуство за жените земјоделки (Измена и дополнување на Законот за здравствено осигурување), предложен од пратениците од Левица.

Апелираме матичната Комисија за здравство што побрзо да го разгледа и усвои овој Предлог на комисиска седница и потоа истиот повторно да се најде на пленарна седница за да се оконча целиот процес и конечно да прекине досегашната дискриминација на жените-земјоделки

Претхнодно, АЖФ изјави:

Со предложеното законско решение кое го поднесоа пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, ќе се заштити мајчинството како основно право на жените загарантирано со Уставот и со меѓународните акти. Жените земјоделки ќе добиваат паричен надоместок за време на породилно отсуство кое НЕ МОЖЕ да биде пониско од МИНИМАЛНАТА ПЛАТА. Очекуваме и ги повикуваме СИТЕ пратеници и пратенички во собранието да го изгласаат овој наш Предлог-закон во интерес на земјоделките, како една од најранливите категории.