Отворена е новата канцеларија на Левица во Прилеп
Во позитивна атмосфера и со присуство на Претседателот на Левица и пратеник во Собранието на Република Македонија Димитар Апасиев, пратеникот Борислав Крмов, Носителот во ИЕ 4 и член на Президиумот Бранко Ристов како и многубројни наши членови и симпатизери, беше отворена новата канцеларија која се наоѓа во строгиот центар на градот, на крајот од цветната улица.
Пред присутните гости и новинари, покрај гореспоменатите се обратија и советниците во Советот на Општина Прилеп Методија Костоски и Иван Јованоски кои ги запознаа сите присутни за тековните активности на огранокот.
Исто така беше промовирана и новата алатка ПРИЈАВИ АНОНИМНО со која прилепчани можат анонимно да пријават неправилности и проблеми со кои се соочуваат а ние ќе ги решиме со сите можности кои ни се на располагање и би барале одговорност од посочените.