Непотизам согласно законите

“Вработувањето на блиски роднини на функционери не кршат закони и се согласни со законите”

Кај нас согласно со законите беше:
– Приватизацијата со која се осиромаши народот и која е корен на ова се што ни се случува
– Амнестијата на хашките случаи кои се косат со меѓународното право затоа што за нив не може да има амнестија
– Амнестијата на Ѓорѓе
– Амнестиите на Заев за крвавиот четврток
– Согласно со закон е за застарена сметка извршител да ти наплати многу повеќе и да ти го уништи животот

Низ светот согласно со законот беше:
– Робството во САД
– Холокаустот
– Расната сегрегација во САД 
– Немањето право на глас на жените
– Согласно со закон беше владеењето на Леополд во Конго и да награда за секоја отсечена црнечка дланка
– Апартхејдот во Јужна Африка
– Жените да не смеат да излегуваат без машка придружба од дома
И уште многу глупости низ светот уште се согласни со законите.

Во сите овие случаи согласно со закон значи дека политичарите си ги наштимале законите да им одговараат нив, а не дека законите се исправни.

Фејсбук статус на Божидар Божиновски.