Повели Димитров жртвите од успешното менаџирање со кризата

Вчера Никола Димитров излезе со изјава дека само Македонија е исклучена од пакетот помош од ЕУ поради успешното менаџирање со кризата. Успехот на Владата е што штедела на справување со пандемијата, затоа што условот за користење помош е оптоварување врз јавните финансии со 0,3% од бруто националниот доход (БНД).

На ова се надоврза и Едмонд Адеми, кој објави твит дека „драмата денес околу солидарниот фонд на ЕУ е непотребна. Пресметките велат: Македонија ќе добиела 750 илјади евра од ЕУ ако наместо 7 милиони евра – потрошела 30 милиони евра за итни набавки во здравство. Да потрошиш 30 милиони евра за да добиеш 750 иљади евра, е тоа е драма.”

Утрово веќе твитот беше избришан.

После овие изјави експлодира незадоволството на социјалните мрежи, каде граѓаните ја обвинија Владата за нејзината неспособност за справување со кризата.