Антикорупциска отвора предмет за куќата на Даштевски – Што е спорно со купопродажбата на Халкидики?
Порталот „360 степени“ вчера објави дека куќа во местото Елани, на првиот крак на Халкидики, во Грција, од пред половина година се води на име на мајката на сопругата на претседателот на ДИК, Даштевски.
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе отвори предмет за куќата на мајката на сопругата на претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, купена пред половина година во местото Елани на Халкидики, потврдија од ДКСК.
Од таму нагласуваат дека можност да го проверат случајот има дава членот 96 од Законот за спречување на корупцијата.
Порталот „360 степени“ вчера објави дека куќа во местото Елани, на првиот крак на Халкидики, во Грција, од пред половина година се води на име на мајката на сопругата на претседателот на ДИК, Даштевски. Според порталот, 75-годишната пензионерка од Куманово го ополномоштила зетот Даштевски да ја води и да ја заокружи купопродажбата на куќата од 111 квадратни метри чија официјалната вредност наведена во нотарските акти е 110.000 евра.
Александар Даштевски беше избран за претседател на Државната изборна комисија во јануари 2021 година.