АктуелноЛокално

Апасиев: Одавањето на почит кон Хоџа ги крши предрасудите во коишто живеат младите Албанци

  • Во денешната емисја „Аргумент плус“ на „Телевизија 24“ гостуваша пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев, а очекувана една о темите која привлече најголемо внимание беше одавањето почит од страна на партиската делегација на гробот на Енвер Хоџа. Апасиев тврди дека ова е чин кој ги крши предрасудите кои се создаваат кај младите Албанци и истиот го констатираше како подавање рака. Според него многу млади Албанци ја поддржуваат Левица, но тоа не смеат да го соопштат јавно.

„Посетата на гробот на Хоџа е дел од таа ПР стратегија, за да се пукне тој балон. Ние настапуваме искрено и принципиелно и затоа сме незгодни. Посетата беше идеолошка! Енвер Хоџа не правел етнички дистинкции, туку идеолошки, бидејќи такво било времето и морал да ги прави. Ние свесно отидовме со цел да ги скршиме предрасудите во кои што живеат младите албанци, коишто се угнетени од клерофашистички идеи на бализмот.

Ако ги погледнете сите етнички албански партии во Македонија, тргнувајќи од ДУИ кои што на времето биле Марксисти и Ленинисти, па сега одат кон десно, потоа, дали знаете дека една од четирите балистички организации во втората светска војна се викала Беса? – Сите тие им нудат на младите Албанци само десничарска политика и ние со овој чин подаваме рака кон младите Албанци кои што потајно не поддржуваат, но јавно е ерес да не поддржат затоа што веднаш во нивната средина ќе наидат на кон стигматизација. Под оваа пропаганда Левица е „плашило“ за Албанците.

Левица е идеолошки противник. Нас сиромашниот Албанец ни е поблизок од богатиот Македонец. Ние тоа сакаме да го прикажеме“ – изјави Апасиев.