Тунис размислува за влез во БРИКС, прекинати преговорите со ММФ
Претседателот на Тунис Каис Саид изјави дека диктатите на ММФ, со кои земјата преговара за заем, се неприфатливи.
Тунис ја разгледува можноста да се приклучи на групата БРИКС, откако беа прекинати преговорите за заемот со ММФ.
Шефот на државата нагласи дека намалувањето на субвенциите побарано од меѓународните финансиски институции претходно доведе до протести во кои загинаа стотици луѓе.
Според него, спроведувањето на барањето на банката ќе доведе до поголемо осиромашување на населението.
Во декември минатата година ММФ го прекина разгледувањето на одобрувањето заем од 1,9 милијарди долари за Тунис, кој е во економска криза. Еден од условите за доделување пари е намалување на субвенциите за храна и струја, како и реформа на државните претпријатија.