Левица: Јавните претпријатија тонат во долгови – политичките партии без решение

  • Реакција на сектор Политичка економија

Македонските јавни претпријатија, на централно и локално ниво, тонат во долгови. Големата презадолженост оневозможува успешно, квалитетно и редовно да ги извршуваат услугите кон граѓаните за кои се и платени.

Јавните претпријатија години наназад служат за вработување на партиски кадри кои не можат да одговорат на предизвиците и работните обврски, а безидејноста води до финансиски задолжување со милионски суми.

ЈП МЖ Инфраструктура е најзадолжено претпријатие кое е основано од страна на Владата на Република Македонија и истото има доспеано долгови од 34.5 милиони евра. Ова ЈП значи можност за вработување на партиски кадри, без разлика која политичка партија е на власт, без да се води грижа за евентуалните последици од лошото владеење.

Јавните претпријатија кои се поврзани со водоснабдување се’ уште се меѓу првите рангирани должници. Најзадолжено вакво претпријатие е ЈП Водовод Куманово со 8.8 милиони евра и ЈП Водовод и канализација- Скопје од 8.5 милиони евра.

Државните фирми и претпријатија имаат вкупен долг од 163.8 милиони евра, додека јавните претпријатија на локално ниво имаат долгови од 80.3 милиони евра.

Политичките структури од централната и локалната власт (СДС, ДУИ, ДПНЕ) немаат план и идеја како би можеле да ги подмират овие долгови, а со тоа и како би ги подобриле сопствените услуги за доброто на граѓаните.