Јубилејни 35 -ти Охридски староградски средби 2023

35. Охридски староградски средби ќе се одржат во петок,15 септември, со почеток во 19 часот пред платото на НУ Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид.

Охридски староградски средби е фестивал во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев”- Охрид што ги афирмира вредностите на староградскиот мелос и ги обновува старите добри градски музички традиции.

Програмски квалитет што значи вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века. Придонес во незаборавот на старите, автетнични песни, навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови, велат организаторите.

Во рамки на програмата предвидени се настапи на градски мешан хор „Вокс Лихнидос“ – Охрид, КУД „Пере Тошев“ – Прилеп, ансамбл за народни песни „Вања Лазарова“ – Скопје, КУД „8 –ми Октомври“ – Крива Паланка, ВИС “Распеани Радовишани” – Радовиш, ЗГ „Распеани Штипјани“ – Штип, КУД „Нуко Пусоски“ – Кичево, КУД „Распеани Гевгеличани“ – Гевгелија и ФА Бисери – Охрид.