„88 Димензии“ – концерт на пијанистите Арда Мустафаоглу и Леви Шехтман

На 20 септември (среда) со почеток од 20 часот во камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје ќе се одржи концертот „88 Димензии“.

Со концертот „88 Димензии“ во Камерната сала на Македонската Филхармонија во Скопје започнува одбележувањето на 30 години од германско-македонските дипломатски односи.

Пијанистите Арда Мустафаоглу и Леви Шехтман ќе дебитираат со “88 Dimensions“ – проект кој со изведба на класични дела и посредство на компјутерски генерирани ритми се презентираат современите музички трендови пред публиката. Ваквата симбиоза на презентација на класичната музика има за цел да ги обедини постарата и помладата публика во заедничко уживање на убавините на класичните дела, за прв пат – премиерно во Скопје.

Леви Шехтман е веќе популарен пред германската и светската млада публика и не случајно е заштитно лице на пијаната од брендот “Bechstein”.
Тој непрекинато го бранува интернетот со својот уникатен спој на класична музика и хип-хопот, комбинирајќи го пијаното како инструмент со најголема комплексност со истовремена примена на нови технологии во создавањето на посебни модерни ритми и мелодии.

Арда Мустафаоглу, кој е миленик на македонската публика и публиката ширум Европа ги носи критиките за неговиот исклучителен и специфичен стил на интерпретација. Забележителна карактеристика на неговата изведба е контактот кој го остварува со публиката на еден, за него својствен суптилен начин.

Се очекува овој настан да предизвика голем интерес не само кај публиката во Македонија туку и публиката во државите на регионот. За разлика од многу други концерти на класична музика овде публиката се очекува да бидат млади луѓе – љубители на нови правци во музиката.

Бесплатен влез, со претходна резервација – испратен меил на: ardamustafaoglu@gmail.com