Собир во Скопје: Заедно против рудниците

Откако вчера на блокадите против рудникот Иловица-Штука, компанијата Еуромакс ангажира 50 лица обезбедување против локалното население, денес во Скопје беше одржан солидарен протест пред седиштето на корпорацијата. На протестот беа поставени транспаренти со натписи: „Заедно против рудниците на смртта” и „Огражден не е ваша приватна сопственост”.

И покрај вчерашните тензии помеѓу локалното население и контра-протестантите ангажирани од Еуромакс, сѐ уште нема официјална изјава од Владата и од премиерот Зоран Заев. Се очекува на владината седница на 25-ти јуни (вторник) да биде донесена конечната одлука за рудникот Иловица-Штука.

Активистите и локалното население од струмичкиот регион и денес се на блокади и најавија дека нема да престанат со протести додека официјално не биде одземена истечената концесија на Еуромакс.

Фотографии: Радио МОФ