АктуелноЛокално

(Видео) Левица: ООУ „Тошо Велков – Пепето“ во ужасни услови заради импотентноста на СДС

  • Реакција од Левица – ЛО Кавадарци

На вчерашната седница на Советот на Општина Кавадарци на прашања од Советникот Круме Богевски, директорот на училиштето ја изрази својата загриженост за нехуманите услови во училиштето каде кровот прокиснува!

Најголемото училиште во Кавадарци има потреба од реконструкција на кровот од 2001 година, но таа никогаш не се реализирала.

Потребните средства за реконструкција на кровот надминуваат 11 милиони денари, а последната година ООУ ,,Тошо Велков-Пепето” добило само 10 илјади денари.

Директорот кој се обидуваше да се справи со поплавата во училиштето по обилните врнежи последниве неколку денови вели дека со 10 илјади денари не може да купи скала за качување на кровот, а не пак да го реконструира целиот кров!

Додека училишта со нешто над 8 ученици од западниот дел на Македонија добиваат и по 30 милиони денари за “реконструкција” заради барањата на ДУИ, најголемото училиште во Кавадарци доби само 10 илјади денари. СДС импотентно и немо следи како родителите ги испишуваат своите деца од училиштата кои се распаѓаат. Ова е доволно да сме свесни за импотентноста на СДС во владата на ДУИ! Срамно!