Антифашистичките протести во Охрид успешни – „Цар Борис Трети“ е избришан од Централен регистар

Културниот центар „Цар Борис Трети“ од Охрид е избришан од Централниот регистар, откако Mинистерот за правда Кренар Лога на 30 март го потпиша решението со кое се забранува здружение да го користи името на оваа контроверзна личност.

Централен регистар денеска постапи по одлуката на Лога, која доаѓа откако Владината Комисија за употреба на имиња на историски личности, даде негативно мислење со образложение дека именување на здружението со таков назив предизвикува тензии и нетолеранција во целото македонско општество…

Културниот центар „Ванчо Михајлов“ од Битола, беше избришан од Централен регистра пред две недели, затоа што одби да се пререгистира, а денеска е избришан и културниот центар „Цар Борис Трети“ од Охрид затоа што во законски рок не поднесе комплетна документација за пререгистрација.

Потсетуваме дека за време на отворањето на овој „културен клуб“, Политичката партија Левица организираше народен протест во Охрид, на кој Македонците го искажаа револтот од отварањето на бугарски клубови именувани по фашистички дејци и обидите за историски ревизионизам. Бришењето од регистарот на овој клуб е уште една победа на антифашистичката борба во Македонија.