Актуелно

Исмаил: Мицковски призна дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје се со единствена намера – блокада на Градот!

Координаторот на советничката група на Левица во Град Скопје, Реџеп Исмаил-Хактан, на својот фејсбук профил ја коментираше изјавата на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, кој, одговоарајќи на новинарско прашање, призна дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ во градското Собрание со негласање без образложение стремат да ја парализираат работата на Јавните претпријатија и Установи под Градот Скопје.

Имено, Мицковски, со намера да ја диксредитира партијата Левица, како „доказ“ дека советниците од оваа партија во градското Собрание биле во коалиција со СДСМ и ДУИ, само затоа што гласале за, како што кажа Мицковски, „Програмите за работа на Јавните претпријатија и Установи под Град Скопје“.

Исмаил, во свјата објава на неговиот фејсбук профил, откри и дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ уште и со тактиката на „негласање“ ја блокирале неколку важни одлуки во Советот како неопходни за работа на Јавните претпријатија и Установи под градот Скопје, меѓу кои и донација (?!) на 100 половни лаптопи за библиотеката „Браќа Миладиновци“, како и поставувањето на мерна станица блиску индустрискиот комплекс УСЈЕ, која има за цел да го следи нивото на загадување на воздухот од работата на овој индустриски капацитет.

Потсетуваме дека, веднаш по скандалот со неодамнешната инспекција кај УСЈЕ, која покажа дека овој индустриски исфрла неколку пати поголемо ниво на загаденост од дозволените количини, на што по иницијатива на советничката група на Левица во Град Скопје беше донесена одлука да се постави мерна станица во непосредна близина на фабриката, сепак иако иницијативата помина, сега, поради блокадата на советниците на ВМРО-ДПМНЕ, конечната одлука веќе две седици не го добива потребниот број на гласови за да биде финиширана постапката за нејзина инсталација.