АктуелноЛокално

Новковска: Пописот покажа колку лесно си плукаме по своите

  • Фејсбук статус на Благица Новковска – поранешен директор на Државниот завод за статистика.

Во најава на електронскиот попис кој ќе го спроведе Мицковски со неговата тајфа, предлагам итно формирање на посебна база за овие 132 000 страдалници по кој се плука интензивно без да се размисли.

-Страдалници, затоа што си немаат добри пријатели, роднини, комшии и ете останаа така без етнички идентитет. А за џабе ли Симовски понизно се извини на заменикот и јавно кажа дека може кој сака и ги знае да ги кажува податоците за други.

-Страдалници, зашто најголем дел од нив не биле попишани т.е посетени од попишувачи, а чекале, чекале и дочекале да ги стават во иста група со бојкотирачите,

-Страдалници, зашто се типични Mакедонци, си немаат пријатели, ама имаат непријатели-Македонци.

-Страдалници, зашто нив им се „падна“ да бидат категорија за раскусурување.

Е мои македонци колку лесно си плукате по своите, а никој не праша колку дупло попишани има, колкав е бројот на тие кои се во странство, а други за нив дале податоци и зошто за нив нема посебна графа па да ги видиме по општини. Има уште многу суштински „зошто“, ама и онака овие плукачите не ги интересира вистината.