Бизнис интересот пред здравјето – ДПМНЕ против поставување мерна станица кај загадувачот Усје

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Градот Скопје вчера не поддржа поставување на мерна станица во околината на Цементарницата Титан-Усје. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ воопшто не гласаа, а голем дел од нив воопшто не беа присутни во салата.

Иницијативата за поставување на мерна станица ја поднесе советничката група на Левица по извршените вонредни мерења на кавлитетот на воздухот каде беше констатирано енормно повисоко загадување од дозволеното.

Претходно Цементарницата Титан-Усје во неколку наврати донираше во општините Аеродром и Кисела Вода, за што од политичката партија Левица реагираа дека се работи за замолчување на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во врска со труењето од Цементарницата.

Повеќе за загадувањето од Цементарницата Титан-Усје и воопшто за последиците од загадувањето можете да погледнете и прочитате на линкот во продолжение:

(Видео) Како и до кога Усје ќе ги труе Скопјани: Ќе се охрабри ли Обвинителството да им застане на патот на загадувачите?