Левица: ДПМНЕ го гласаше буџетот на Град Скопје за сега да прави театар во јавноста

  • Реакција на Политичката партија Левица

Искусните мајстори за замајување на јавноста ВМРО-ДПМНЕ, кои година и пол си го имаат “на ти го – дај ми го” со Владата на СДС и ДУИ и глумат лажна опозиција, не застануваат со бесрамниот политички циркус и упорните обиди во нивните соопштенија да ја дискредитираат Левица со лажни обвинувања.

За раководство на оваа партија кое бега од одговорноста за своите постапки, поважно беше опозицискиот бран од локалните избори да резултира со можност тие криминално да кохабитираат со централната власт, наместо да издејствуваат предвремени парламентарни избори.

Иако ја обвинуваат Левица за непостоечки коалиции во Град Скопје, неодамна советниците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа за Буџетот на градот за 2023 година, како што тоа го направија и за претходната година – за сега да манупулираат со здравиот разум на јавноста.

Ова деструктивното дејствување е во корист на сегашната поделба на власта помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои заедно ја изопачуваат висината во заедничката бескрупулозната кампања насочена кон Левица, единствениот противник на гнилиот систем кој заедно го создаваат.