Медведев: Светот може да живее без наредби од Запад, спасот е во економските сојузи

Светот може да се развива без инструкциите на Западот и неговото мешање во внатрешната политика на различни земји, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев. 

„Времето покажува дека земјите се способни да напредуваат успешно, без наредби и без некакво влијание  од Западот, кое се наметнува на овие земји“, рече тој. 

Со вклучување во различни економски соработки со други земји, преминување на трговија во национални валути и создавање механизми за плаќање кои не се предмет на државна контрола, овие земји би можеле да го избегнат влијанието на Западот, додава Медведев. 

Мора да се работи на елиминирање на „деструктивната нееднаквост“ во светот што во моментов е поддржана од преостанатите неоколонијални практики. 

Поранешните колонијални сили како целина имаат „многу негативен ефект врз националниот развој на земјите, доведуваат до деградација на меѓународното право и претставуваат ризик од избувнување на долгорочни и деструктивни регионални конфликти“, заклучува тој.