Оживеани „Рудниците на смртта“

  • Реакција на Левица – Зелен сектор

Со одлука на Вишиот Управен суд, и со притаена одлука на антидржавната предавничка Влада на ДУИ и СДС се дадоа одврзани раце на фирмата ЕКОЛОГ од Тетово, блиска до ДУИ, да го отвори Рудникот на смртта во струмичка Иловица.

Иако постапката за издавање концесија беше сопрена, со најновите одлуки се воскреснува повторно идејата за отворање на Рудник на смртта со што Владата објави војна на граѓаните и на активистите од поширокиот Струмички регион.

Градоначалниците на Струмица и Босилово од СДС и ДПМНЕ, Костадин Костадинов и Ристо Манчев, молчат. Се уште не знаат дали ќе застанат на страната на граѓаните кои ги избрале, или на страната на профитот кој ќе го донесе мирисот на смртта.

Во последниот број на “Службен весник на РМ” бр.141 – 04.04.2023г, објавена е Одлука за спојување на концесијата за експлоатација на минерална суровина – руди на бакар и злато на локалитетот Иловица, Општина Босилово со концесијата за експлоатација на минерална суровина – бакар и злато на локалитетот Иловица, Општина Босилово и Општина Ново Село на Друштвото за производство, промет и услуги “Euromax resources” ДОО Скопје.

Откако Еколог од Тетово, фирма блиска на ДУИ, купи 25% од акциите на “Euromax resources”, концесијата која со години не можеа да ја добијат, поради одлуките на Управниот и Вишиот суд, подмолно и скришно, со Одлука на најкорумпираната Влада, сега им е овозможена.

Антимакедонските политичари и функционери, од СДС, ДПМНЕ и ДУИ, водејќи се од сопствените интереси и сервилноста, повторно отидоа против вољата на народот.
Спојувањето на концесиите, беше најголема пречка за добивање на дозвола за експлоатација. Но, со влегување на ДУИ во игра, не постојат веќе правни пречки.

Корумпираното судство, кое самото на себе не си верува и носи одлуки спротивни на претходните, е играчка во рацете на СДС и ДУИ. Апетитот за профит се заканува да направи пустина од плодната Струмичка котлина.

Кога неправдата станува закон, отпорот е должност! Политичката партија Левица застанува зад искрените и хумани барања на струмичани и ќе започне беспоштедна и институционална борба на сите нивоа против корумпирануте политички и бизнис елити со крајна цел РУДНИЦИ НА СМРТТА ЌЕ НЕМА.