Ристов: Младите не се апатични – Левица обезбедува простор да учествуваат во креирањето политики

  • Извадок од вчерашното гостување на Претседателот на Совет во Општина Карпош и член на Президиумот на Левица, Бранко Ристов, кој зборуваше за односот на младите кон политиката и улогата на Левица во младинските политики.

„Не знам од каде идејата дека младите се аполитични или песимисти? – Нашето членство е доказ дека тоа не е воопшто точно. Ние сме најмлада партија во години на постоење, туку во старосната структура дефинитивно сме најмлада партија. Нонстоп ни се зачленуваат млади луѓе и тоа се активни учесници во политиката.

Не доаѓаат тие за да чекаат со членската и да речат, еве членска имам, вработи ме. Знам дека така функционира во другите партии, кај нас не е така. Кај нас немаат ни барања, едноставно сакаат да учествуваат в политиката, сакаат да допринесат во Македонија, сакаат да ги креираат политиките во државата!

И ние се трудиме да го обезбедиме просторот за младите и тоа дефинитивно би ги задржало. Кога на младите ќе им дадеш моќ, нормално е дека ќе се дестимулирани да се иселуваат. Во моментот младите се иселуваат, затоа што ги плаќаат гревовите а нивните дедовци и родители.

Тоа што избрале погрешно, дали потклекнале, дели премолчале и сега младите го трпат товарот на минатото. Изборот им е полесно, да замине, за повеќето. Но, мојата перцепција е дека младите се далеку од апатични во државата.“