Претседателот на Совет во Аеродром – Дејан Митевски зема месечен надоместок од Општина Гази Баба
Претседателот на Советот на Општина Аеродром, Дејан Митевски, зема месечен надоместок од соседната Општина Гази Баба. Во Гази Баба исто како и Аеродром на власт е ВМРО-ДПМНЕ со градоначалник, претседател на Совет и мнозинство во Советите, реагираат од Пполитичката партија Левица, споделувајќи информацаији достапна од „Отворени трансакции“.
„Дејан Митевски е поранешен раководител на Одделот за јавно наддавање при Министерството за транспорт и врски под капа на Миле Јанакиевски. Дејан Митевски заедно со екс министерот Миле Јанакиевски и останати лица од министерството беа осомничени во случајот „Шпански скали“ за незаконска продажба на парцели пред зградата на ЕВН на плоштадот во Скопје. Проценката беше дека државата била оштетена над 2,5 милиони евра“, – се вели во партиската реакција.
Од Левица – ЛО – Аеродром прашуваат „Дали ова е доказ дека старите тактики на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ не се искоренети? Влечење на општински пари и префрлање на членови кои котираат високо во партиските кругови е правилно менаџирање со општината?“
Од партијата побараа објаснување за ваквото расподелување на финансиски средства.
Бараме изјаснување од градоначалникот Бобан Стефковски и Општина Гази Баба за распределувањето на овие средства. До кога ќе ги полните партиските пулени на ВМРО-ДПМНЕ со општински средства? Зарем е соодветно и етички тоа да биде претседател на Совет од соседна општина која исто така е раководена од ВМРО-ДПМНЕ? Народот заслужува одговори. – велат од Левица.