Данска и Шведска се согласуваат со Русија – Северен тек е намерно оштетен со експлозија

Во тек се истраги во врска со експлозиите што го оштетија гасоводот Северен тек минатата година, но останува нејасно кога тие ќе бидат завршени, соопштија денеска министерствата за надворешни работи на Данска, Шведска и Германија во писмо упатено до Советот за безбедност на ООН.

Шведска и Данска, во чии ексклузивни економски зони се случија експлозиите, заклучија дека гасодоводите преку кои се пренесувал природен гас од Русија до Германија биле намерно кренати во воздух, но не е кажано кој би можел да биде одговорен, пренесуваат светските агенции.

Во ова известување се наведува дека истрагите се’ уште не се завршени, и дека засега не може да се каже кога тоа ќе се случи.

Советот за безбедност на ООН вчера се состана за да разговара за таа саботажа, откако Москва побара независна истрага за септемвриските напади на гасоводи. Во писмото се наведува дека руските власти се информирани за истрагите и оценуваат дека штетата е предизвикана од саботажа.

Во Германија, федералниот обвинител покрена кривична истрага за да утврди дали е сторено кривичното дело саботажа според член 88 од Кривичниот законик, се наведува во писмото.

На Руската Федерација не и е дозволено да учествува во истрагата за експлозијата на гасоводот „Северен тек 2“, но руските служби веќе изразија сомневање дека оваа „Саботажа“ е извршена од страна на САД и Норвешка. Иако постоеја бројни противења за оваа теза од западот, сепак се потврди дека ова е намерен чин и фактот дека станува збор за Саботажа, останува истрагата да покаже кој е сторителот на истата.