Левица: Негрижата на Владата носи човечки жртви

  • Реакција на Левица – Здравствен сектор

Сведоци сме на долгогодишната негрижа од страна на министерството за здравство, кое со децении го деградира здравјето на нашите граѓани.

Дисфункционални клиники, дефицит на лекарства, терапии и лекарски кадар, а секојдневно сведочиме и на лекарски грешки, мито и корупција во здравствениот систем, се лекуваме со донации од граѓани додека деструктивната влада на СДС, ДУИ и нивните послушници профитираат со енормни финансиски криминални добивки.

Најранливите здравствени категории на пациенти се оставени на работ меѓу животот и смртта, а нашиот сограѓанин Благојче ја изгуби битката со цистична фиброза, кој десет години молеше за здравствена поддршка, што Претседателот Пендаровски и му ја вети, но нажалост тоа беше само еден ПР за собирање политички поени.

Недозволиво е во услови на достапен лек, пациенти да бидат жртва на немање политичка волја од власта да го зголеми буџетот – додека одбива да ги оданочи милионските профити на банките и троши буџетски средства за сопствени луксузирања!

Претходно Левица реагираше до надлежните ресори сѐ со цел да се одвојат финансиски средства за болните од цистична фиброза, меѓутоа владата и неспособниот министер Сали остана и глув и нем на тие реакции – што за жал, заврши трагично за младиот Благојче.

Левица го поддржува денешниот протест, закажан од 14 часот, и повикува на масовност пред Влада со цел да се спасат нови трагични случаи во иднина.