79 години од загинувањето на кумановскиот Народен херој Христијан Тодоровски – Карпош
- Објава на Левица – ЛО Куманово
Христијан Тодоровски – Карпош е народен херој од Куманово. Македонски комунист и истакнат партизански борец од НОБ. Потекнувал од сиромашно семејство. Израснал во беда и мизерија.
Бунтовеноста и прогресивните идеи на Карпош довеле до тоа да биде избркан од кумановската гимназија во седми клас, а му било забрането да го продолжи школувањето во друго училиште.
Овој народен херој секогаш се бунтувал против неправдата, се борел против социјалната подреденост на работниците, се залагал околу младите, бил неустрашлив и сакал убава иднина за македонскиот народ.
Како партизан во Козјачкиот одред се случувало одредот да им бил пробиен, секогаш чувствувал болка ама не се разочарувал. Карпош не се давал на очајот, не отстапувал од слободата. Целата болка и очај кои ги чувствувал за своите паднати другари и другарки му давале дополнителна желба и сила за освета спрема фашистите, окупатори и народни непријатели.
Карпош бил вистински борец, а истовремено и дисциплиниран војник. Неговата најголема битка ќе биде во Биљача во февруари 1944 година, каде за жал и храбро ќе загине. Во битка со бугарски фашисти, контрачетници, народни предавници, колачи и крвопијци, тој бил смртно прострелан со повеќе непријателски куршуми.
Но легендарниот Карпош и денес живее во Македонија, во Куманово како чувар на македонската државност. Живее и во песните испеани во негова чест.
Слава му!