Спасeски: Мала вивисекција за лагите на Заев

Пишува: Ванчо Спасески, координатор на секторот за Политички систем на Левица

„Мала вивисекција и мое видување на една изјава во која има се само вистина не.

  • Прво, од страна на Левица никој никогаш не му понудил коалиција, а тој нудел во неколку наврати, што значи гладна кокошка просо сонува.
  • Второ, ова се локални избори и на нив не се формира влада, значи уште една искажана лага меѓу останатите кои не може да се пребројат.
  • Трето, локалната власт нема ингеренции да води надворешна политика, повторно лага само за да се даде друга димензија на локалните избори.
  • Четврто, себеси се доживува за прогресивен политичар, а сите други не го сметаат за таков, што е лична заблуда.
  • Пето, Левица отворено била против НАТО и ги исмевала САД, тоа е негово лично доживување и дефинирање, бидејќи Левица само ги набројува и посочува фактите за нивното однесување и негативностите што произлегуваат од нив, а тоа не е исмевање тоа е критика и факт.
  • Шесто, тие вложиле над 1,5 милиарда евра за народот и заподигање на капацитетите на нашите системи, народот од тие пари не виде ништо, а капацитетите на системите е општо видливо на кое ниско ниво се, значи пропадната инвестиција.
  • Седмо, Левица била против ЕУ, Левица само ги кажува фактите дека ЕУ е против зачленување на Македонија во ЕУ и Македонија треба да бара и други држави или асоцијации за соработка.
  • Осмо, Левица ќе не скарала со соседите, ако дигнитетот, достоинството, рамноправноста, реципроцитетот се дел од вредностите за кои се залага Левица во односите со соседите и се причина за карање, фактите велат дека поради немање вакви односи ние сме и скарани и искарани и понижени од соседите.
  • Девето, Левица ќе создадела тензии внатре во државата, тензии има не од сега, ние имавме и војна со тие што ги создаваат тензиите и со нивните пардон, нашите стратешки партнери. Левица сака држава што би се рекло со сите нишани, а не друштво со ограничена одговорност.“