Јанчев: За да се разбере големината на Делчев мора да се разбере политичката ситуација во која делувал

  • Пишува: Саше Јанчев – член на ЦК на политичката партија Левица

За да се разбере големината на Делчев, мора да се разбере политичката ситуација во која делувал.

А ситуацијата лоша, убиствена по Македонците. Во тоа време, немало македонска држава и македонски институции.

Ама затоа има грчка, српска и бугарска држава, а Македонија е во рамките на Отоманска империја.

Бугарија, Грција и Србија имаат бугарска, грчка и српска црква кои се застапени на територија на Македонија и кои имаат свои училишта преку кои, под изговор за служење и описменување на верниците, всушност си тераат национални пропаганди на овие држави со цел да ги учат Македонците дека се Грци, Срби и Бугари и со цел како такви да ги претставуваат пред светот. И тоа се во служба на идно приграбување на што поголем дел од територијата на Македонија.

Значи станува збор за пропаганда платена со бугарски, грчки и српски пари за поделба на Македонија.

Делчев во такви услови, без пари, но по цена на сопствен живот, ги учи сите тие луѓе дека се посебен народ, Македонци, со посебен, различен интерес од бугарскиот, грчкиот и српскиот и дека за остварување на тој интерес овој македонски народ мора да создаде посебна држава, САМОУПРАВНА МАКЕДОНИЈА, која би била дел од БАЛКАНСКА КОНФЕДЕРАЦИЈА. И не само шо ги учи туку и ги организира.

Македонски народ, како посебен народ и посебна држава Македонија, како дел од балканска конфедерација, е тотално спротивен концепт на Голема Бугарија, Голема Грција и Голема Србија.

Гоце влегувал во села и градови во кое беснее пропаганда која го цепи македонското ткиво на Грци, Бугари и Срби, а по неговите говори за САМОУПРАВНА МАКЕДОНИЈА и БАЛКАНСКА КОНФЕДЕРАЦИЈА цело тоа население се обединува во еден македонски народ кој е свесен за своите интереси.

А што е нација ако не свест на една група луѓе на одредена територија за своите интереси, различни од интересите на соседни и други такви групи, и свест за потребата за организација на таа група луѓе во посебна државна творба со цел остварување на тие интереси.

Затоа е Гоце голем. Ма не голем, НАЈГОЛЕМ.

И затоа Гоце е татко на македонската нација.

И затоа денес го напаѓаат, оти преку него не напаѓаат сите нас, државата Македонија и нејзината територија, која во име на ЕУ и НАТО е крајно загрозена од прогресивните вошки.

Вечна слава УЧИТЕЛЕ!

И од гроб ги газиш вошките.