АктуелноЛокалноСтав

Јанчев: Да сме на чисто, Македонија не е таа која има 16 меѓународни пресуди за кршење на малцински права

Фејсбук статус на Саше Јанчев – советник во општина Гевгелија од Политичката партија Левица

Должност на државните функционери и органи е да ја чуваат државата.

Тоа во превод значи дека ако некој планира да организира здруженија, фондации или било какви организаци кои отворено промовираат дека македонска нација и јазик не постојат, дека се вештачки и измислени, да мавтаат со знамиња од ликови за кои е ноторен факт дека активно работеле против македонскиот народ и против формирање на посебна држава Македонија, државните служби и функционерите во државните органи СЕ ДОЛЖНИ ТОА ДА НЕ ГО ДОЗВОЛАТ! ДОЛЖНИ СЕ ДА ГО СПРЕЧАТ!

“Нашите” органи и функционери не шо не го спречуваат сево ова, ами активно одработуваат истото да се случува. Потпишуваат договори со кои ја вртат водата кон воденица на странските антимакедонски интереси, ги етикетираат и демонизираат сите што се против ваквите политики и се поставуваат заштитнички кон ваквите антимакедонски политики.

А сето тоа го прават умислено и со цел Македонија да излезе лошата страна во случајов во кој позицијата на Бугарија од стар е катастрофална.

Да сме на чисто, Македонија не е таа која во 21 век на свој сосед му вика не постоиш како нација, не постои твојот јазик, прифати дека си српска, Титова, коминтерновска творба ако сакаш во ЕУ, Македонија не е таа која вика дека самото постоење на Бугари, бугарски јазик и држава е антимакедонски чин, Македонија не е таа која има 16 меѓународни пресуди за кршење на малцински права. Бугарија е таа која го прави сето ова.

Затоа државните органи, окупирани од СДС Врховистичка и ДУИ, на чело со Бугар Османи, намерно дозволуваат антимакедонски политики во домот и пред носот на македонскиот народ со цел да го иритираат и да испровоцираат од него реакција или инцидент која ќе може да ја користи бугарската држава како аргумент во Бугарија и во светот за тоа колку е лоша Македонија кон Бугарите и со тоа да се оправда бугарското силување на Македонија.

Настрана тоа дали случајов со претепаниот е поради дрога, како што беше случајот со скршениот прозорец од жената на оној претседателот на клубот Ванчо Михајлов или е претепан затоа што е секретар на антимакедонското здружение Цар Борис, сево ова е една голема игранка. А игранкава е далеку од наивна со оглед што конкретнава случка со претепаниот се користи за воена реторика од бугарскиот претседател и праќање авиони за, пази ова, извлекување.И таквите странски местенки во секоја држава се фикс. Но проблемот е што во случајов оние што се седнати во државните органи и кои земаат пари за да нѐ штитат од вакви влијанија, ОТВОРЕНО ОДРАБОТУВААТ ЗА ВАКВИТЕ СТРАНСКИ И АНТИМАКЕДОНСКИ АГЕНДИ.

Муабетот ми е дека треба да сме на чисто дека во цела оваа каша попара не станува збор за никакви прогресивни, европски агенди. Станува збор за антидржавни и антимакедонски агенди и антидржавна и антимакедонска власт составена од неоврховистите од СДС и балистите од ДУИ.

#ДолуВрховисти #ДолуБалисти