Јанчев: ДПМНЕ со „тоалет хартија“ ќе нѐ убедува да отвораме Устав

Фејсбук статус на Саше Јанчев – советник во Општина Гевгелија од Политичката партија Левица

Муцунски и ДПМНЕ со гаранции од ЕУ ќе убедуваат народ дека е добро да се смени Уставот.

Западните гаранции:

1. Прифатете ФИРОМ и нема проблем (1995)

2. Сменете уште Устав и знаме и нема проблем (1995)

3. Прифатете уште Рамковен и одите напред (2001)

4. Прифатете уште територијална поделба на Македонија на албански и македонски дел и одите во ЕУ (2004)

5. Не излегувајте на референдум против територијалната поделба и одите во ЕУ (2004)

6. Прифатете Договор за заедничка историја со Бугарија и одите во ЕУ (2017)

7. Прифатете двојазичност и одите во ЕУ (2018)

8. Прифатете Препсански договор и одите во ЕУ (2019)

9. Прифатете “француски” предлог и целиот диктат од Софија кој истиот го предвидува и одите во ЕУ (2022)

10. Сменете уште Уставот и ви даваме гаранции дека нема да има повеќе пречки за влез во ЕУ (2023)

А во меѓувреме Црна Гора и Србија преговараат една декада, ние не сме ни почнале, тој во Турција што ги почна преговорите сигурно веќе не е ни жив, а ЕУ си донесе нова методологија со која затворени поглавја од преговори може пак да се отворат (процесот да се врати назад).

Од коа ќе си помине Бугарија од редот, Грција чека и трие раце да не зачука со придобивките од Преспански со некој нов “француски” предлог, ама не Муцунски и ДПМНЕ ќе ви кажат дека ЕУ ќе ни даде гаранции и дека треба да го смениме Уставот.