Апасиев: За ситна пара вмровските портали ја бранат Цементара „Усје“ која го труе цело Скопје
И оваа зима не помина без високо загадување на воздухот во главниот град на државата. Еден од главните загадувачи на градот е Цементара „Усје“, за која, одредени извори тврдат дека гори увезуван отпад од земји на Европската унија.
Но, наместо критика, дел од порталите „се фрлија“ во одбрана на еден од најголемите загадувачи во државата, за кој инспекциските служби веќе утврдија неправилности во работењето, а најавени се и кривични пријави од одредени институции. Се поставува прашањето која е причината за ова?
Имено, Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Кисела Вода, си се договорил со директорот на УСЈЕ да искористува простор од објектот на оваа компанија. Додека пак Тимчо Муцунски, градоначалник на Аеродром, си се договорил со директорот на УСЈЕ да им донира фасада на основно училиште. Обата, се градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Ваквите приказни повеќе не поминуваат во јавноста, а Апасиев во свој стил реагираше остро, и додаде дека вмровските портали ова го прават а „ситна пара“.
Цементара УСЈЕ не’ истру сите по ред, ама вмровските портали се утепаа бранејќи ја!? А шо било фората – менаџментов на капиталистиве им пуштил некоја ситна пара по општините кај што имаат градоначалници и сеа овие ќе се утепаат бранејќи го најголемиот загадувач на Скопје. А бе, остана некој нормален кај вас? – напиша пратеникот и лидер на Левица.