АктуелноЛокално

Ленка: Министерот Сали глуми жртва од албанофобија додека пациентите со Чистична фиброза се жртви на неговата неодговорност

  • Објава на ДСП Ленка

Ужас и изживување со човечки судбини е третманот кој го добиваат лицата со цистична фиброза од страна на државата.

Додека министерот Беким Сали критиката кон неговите политики неосновано ја квалификува како албанофобија, пациентите врват низ хорор затоа што власта не сака да одвои 15 милиони евра за оваа ранлива група.

Се работи за сума што не е ни 10% од буџетот за НАТО!

Осум лица со оваа болест се во животно загрозувачка состојба, а министерот од Алтернатива освен партиски вработувања и величење на национал-шовинизам, НИШТО друго нема постигнато!