ДКСК бара оставка од Спасовски заради пропустот со „Беса Транс“

Државната комисија за спречување корупција до Владата побара барање за оставка од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски бидејќи не реагирал навремено за техничкиот преглед на автобусот на Беса Транс кој изгоре во Бугарија со 45 лица.

Министерот не реагирал навреме и да донесе решение за забрана за вршење технички преглед на станицата „Виа Комерц“, која во меѓувреме дозволила транспорт на автобусот „Беса Транс“.

ДКСК утврдила дека Спасовски не постапил правилно, бидејќи по добиениот извештај од инспекторатот кој извршил контрола и утврдил неправилности во работењето на станицата, тој не издал наредба во предвидениот рок од станицата да ги отстранат неправилностите, туку истата ја издал по три месеци од добиениот извештај, односно три дена по несреќата во Бугарија.

Дополнително, Јавно обвинителство веќе има отворено предмет и се води судски процес за овој случај, а Антикорупциска сите докази кои ги има ќе ги достави како дополнување на доказите во обвинителството.

Оттаму посочија дека сè уште не е утврдено дека сообраќајната несреќа се случила поради техничка неисправност на автобусот.

Помеѓу предметите што се најдоа на денешниот дневен ред беше и предлогот за претставка до Совет на јавни обвинители во врска со работата на обвинителката Наташа Поп Трајкова во врска со постапувањето за предметот Холидеј ин, која според ДКСК, се одвива веќе подолго време.