Крмов објави ново газење на Уставот од Џафери

Во објава на својот фејсбук профил, пратеникот од редовите на Левица, Борислав Крмов објави фотографии од Талат Џафери како се шета на партиско-политички собиранки и обавува партиски функции, иако членот 67 од Уставот изрично е забрането Претседателот на Собранието да обавува било какви други функции надвор од Собранието.

„Tалат Џафери се шета по трибини како најобичен партиски активист, иако тоа Уставот експлицитно му го забранува!“, напиша Крмов.

Пратеникот додаде дека со ваквото однесување на Џафери, Уставот секојдневно се гази, а на претседателот на Собранието наместо националните, поважни му се етно-политичките интереси.

„Кога се во прашање теснопартиски интереси и етно-шовинистичка агенда, Уставот се гази секојдневно. Претседател, кому етничките му се пред националните интереси и не го почитува Уставот на Република Македонија, не е Претседател на Собрание.“