Македонија има иднина со ваква Црвена Младина

Иднината на Македонија е во младите луѓе кои природно посакуваат еден праведен свет, едно ново општество на еднаквост, правичност и слога. Кога тие млади од Македонија, свесно ќе се разбудат, кога класно ќе се освестат, нема да има сила која ќе може да ги победи и пороби. Како во минатото, така и во иднината, силата на младите е неприкосновена, тие ја имаат во неограничени количини и само ќе мораат да ја впрегнат и насочат кон својата цел.

Непокор и дрскост, надополнета со талент и желба, тоа е нивната песна, некогаш препеана како во случајов, некогаш комплетно нова испишана од младешката енергија, страст и љубов.

Ова е песната на Викторија Захаријева, член на Црвена Младина, пркосна и полна со енергија, девојка со преубав вокал и интерпретација која плени и мотивира.

Напред Црвена Младино со нови песни кон нови победи !

Викторија Захаријева, член на Црвена Младина 🙂✊🔴

Викторија Захаријева, член на Црвена Младина 🙂✊🔴 Ми се собрал сиот запад, цело ЕУ ✊🔴

Posted by Црвена Младина on Monday, April 19, 2021