(Видео) Левица се случи како порив на македонското општество за самодемократизација

Денес на утринската емисија ‘‘Утрински печат‘‘ со новинарот Срѓан Ивановиќ, гостуваше портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ.

Во однос на растот на рејтингот на Левица тој изјави дека се должи на општествените процеси уште од 1990 година. Тој објасни дека приватизацијата која што се случуваше тој период се случува вертикално, а промената на политичката култура во никој случај не може да се случи вертикално, така што кај нас се случува контрареволуционерно, односно се цели кон недемократско општество.

Левица се случи како порив на македонското општество за самодемократизација‘‘ – рече Мециновиќ.

СДСМ И ДПМНЕ се партии кои се хранат од државните пари, и двете се десноориентирани економски и имаме единствена левичарска партија која може да ја премости поларизацијата“ – додаде тој.

Целото интервју од гостувањето може да го проследите во видеото во продолжение.