Патрушев: Судирот на Украина не е помеѓу Киев и Москва туку е помеѓу НАТО и Русија
Настаните во Украина не се конфликт меѓу Москва и Киев, туку воена конфронтација меѓу НАТО, а пред се на САД и Велика Британија, со Русија, изјави секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев.
Секретарот на Советот за безбедност на Русија изјави дека приказната за Украина е започната во Вашингтон, за да се практикува технологијата на поделба и поттикнување на една нација против друга и дека целата ситуација нема директна врска со Украина.
„Ние не војуваме против Украина, бидејќи не можеме да го мразиме обичниот украински човек. Украинските традиции се блиски до Русите, исто како што наследството на рускиот народ е неразделно од културата на Украинците“, рече Патрушев.
Тој додаде дека војната во Украина е крвав експеримент на Западот, кој заради своите амбиции го уништува украинскиот народ.
„Русија со специјална воена операција ги ослободува своите региони од окупација и треба да стави крај на крвавиот експеримент на Западот, кој го уништува братскиот украински народ. Тие спречуваат милиони луѓе да зборуваат на својот мајчин руски јазик и ги принудуваат да ги заборават своите корени. Западот, заради своите амбиции, практично го уништува украинскиот народ, ги принудува луѓето на воена возраст да загинат на боиштето, а остатокот од населението го турка во сиромаштија.“
Тој заклучи дека постои можност Западот да презема чекори за да ги спаси и најзакоравените украински неонацисти за да подготви пуч и диверзии во други земји и заклучи дека неонацистичките криминалци ќе бидат казнети.