АктуелноЛокално

Апасиев до германската амбасадорка: Ставете си ги Турците во германскиот устав

Германската амбасадорка Анке Холштајн деновиве си заминува од Македонија. Куферите ѝ се спакувани, а во последното интервју за „Независен“, таа ги пренесува своите очекувања за нашата држава и препораките, бидејќи според неа Германија е ценет партнер во земјата и тоа што ќе каже, наидува на слух и има тежина. Холштајн смета дека уставните измени не се болни за Македонија и дека не постои друга алтернатива за државата.

„Не постои алтернатива за оваа уставна промена. Сметам дека содржински таа на ниеден начин не е болна за Северна Македонија. Посакуваната уставна промена одредува нешта кои за никого не се болни. Но, дека процесот како таков е многу болен за земјата, тоа го разбирам целосно.“

Конзистенто, во духот на изјавата на Анке Холштајн, пратеникот Апасиев ѝ порача на амбасадорката, Германија да ги внесе Турците во уставот, затоа што во нивната земја живеат милиони Турци.

Па и ставањето на милионите Турци во Германија, во германскиот УСТАВ, не би требало да биде “болно” за Германците – нели амбасадорке? – напиша Апасиев споделувајќи ја нејзината изјава.