Левица: Воведувањето на ETIAS системот е чекор на ЕУ кон воведување визи за македонските граѓани

  • Реакција на Левица – Сектор Надворешна политика

Од следната година граѓаните на Македонија ќе мораат да плаќаат такса и бараат дозвола за влез во земјите членки на Европската Унија преку Европскиот систем за овластување за патување (ETIAS).

Воведувањето на овој систем за македонските граѓани укажува на тоа дека и покрај благоглаголењето на вазалската власт, која води бескомпромисно деструктивни национални политики со цел европска интеграција, преговорите со Унијата се далеку од започнати, а интеграцијата во истата останува недостижна за скромната подпросечност на политичката елита.

Решението за ETIAS на ЕУ уште еднаш ја потврди недоверба во актуелната власт, која континуирано во името на Унијата, злоупотребувајчи го европското знаменце, носи внатрешна регулатива согласно желбите на ДУИ која е целосно анти-европска и покажа нужни промени во нефункционалниот систем што е подлежен на корупција, заради кој се случија бројни дипломатски скандали, а меѓудругото и делење пасоши и давање лажни идентитети на бројни светски познати криминалци.

Потсетуваме, дека оваа Влада заради усогласување на политиките со ЕУ, претходно воведе визи за земји како Куба и Боцвана, го прекина процесот за визна либерализација со НР Кина согласно кој македонците можеа безвизно да патуваат во оваа земја, за на крај и покрај бројните вазалски политики наместо напредок да добие ограничувања за своите граѓани да патуваат во земјите членки на Унијата.

Воведувањето на ETIAS системот го оценуваме како прв чекор на ЕУ во воведувањето визи за македонските граѓани!

Предупредуваме дека продолжувањето на деструктивните владини политики во името на интеграциите нема да ја пракине анти-македонската ЕУ политика и укажуваме на потребата од градење на внатрешно функционален систем и надворешна меѓународна политика преку развивање релации со трети земји надвор од Западната констелација.

Доколку Унијата не ги сака македонските граѓани, тогаш Македонија мора да најде алтернатива за ЕУ.