АктуелноЛокално

„Зборува Радио Скопје‘‘

На социјалните мрежи Левичарски Институт Рацин објави дека на денешен ден, пред 78 години започна да работи Радио Скопје. Во продолжение ви ја пренесуваме објавата:

На денешен ден, 28 декември, 1944 година, со овие зборови писателот и борец во НОВ Владо Малески го означи почетокот на работата на Македонското радио.

Првата содржина која била емитувана на радиото бил преносот во живо од Второто заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија, кога пред присутните тогаш се обратил Методија Андонов-Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ.

„Зборуе Радио Скопје, зборуе Радио Скопје, Драги слушатели, од салата на Собранието вршиме директен пренос на Второто заседание на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија…” токму со овие зборови била најавена првата програма на радиото.

Точно еден месец по тоа, на 28 јануари 1945 година започна и редовната програма на Радио Скопје со првата емисија вести на македонски јазик, а потоа и на албански и на турски јазик.